ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ И КОМБИНИРАНИ ПРЕЧКИ: ПРИОД НА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ЗАСНОВАНА ВО ЗАЕДНИЦАТА, ИНДИЈА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2013, Vol 14, Issue 1

Abstract

Вовед: Инклузијата на децата со ин­те­лек­туал­на попреченост (ИП) и со ком­би­ни­ра­ни пречки (КП) во редовните училишта во Ин­ди­ја е на крајно ниско ниво. Една од клуч­ни­те цели на рехабилитацијата заснована во заед­ни­цата (РЗЗ) е да ги вклучи децата со ИП и КП во редовните училишта. Ова истражување се обидува да ја открие поврзаноста на воз­рас­та, тежината на ИП, нивото на сиромаштијата, по­лот, образованието на родителите, по­пу­ла­ци­ја­та, комбинираните пречки коишто содржат едно или повеќе нарушувања: церебрална па­ра­ли­за, епилепсија и психијатриски на­ру­шу­ва­ња, со инклузијата на 259 деца во Барвани Блок во областа Барвани во државата Мадја Пра­деш, Индија. Цел: Инклузија на децата со интелектуални и ком­би­нирани пречки во редовните училишта пре­ку РЗЗ-пристапот во Индија. Метод: X2 тест е употребен за да се испита по­вр­за­­нос­та меѓу инклузијата и променливите ва­ри­јаб­­ли: категоријата на ИП, возраста, полот, ни­во­­то на сиромаштијата, образованието на ро­ди­те­­ли­те, типот популација и комбинираните преч­­ки. Резултат: Инклузијата беше овозможена за гра­нични случаи 2 (66,4%), лесни 54 (68,3%), уме­ре­ни 18 (18,2%) и на возраст од 5 до 12 го­ди­ни 63 (43%); на 63 (30,6%) деца што живеат во сиромашни семејства, несиромашни 11 (18,9%); од необразовани родители 52 (26%), со основно образование 11 (65%), со средно учи­лиште 10 (48%), со гимназиско об­ра­зо­ва­ние 0 (0%) и дипломирани 1 (7%); женски 34 (27,9%), машки 40 (29,2%), племенски 40 (28,7%), неплеменски 34 (28,3%); со ком­би­ни­ра­ни пречки со церебрална парализа 1 (1,2%), епи­лепсија 3 (4,8%) и психијатриски на­ру­шу­ва­ња 12 (22,6%) им беше овозможено ин­клу­зив­но образование. Забележана е значајна раз­ли­ка во инклузијата меѓу ИП-категориите (c2= 99,8 p < 0,001), нивото на сиромаштија (c2=3,37 p 0,044), образованието на родителите (c2=23,7, p < 0,001), КП со ЦП (c2=43,9 p < 0,001) и со епилепсија (c2=22,4 p < 0,001). Заклучок: Инклузијата остварена преку РЗЗ е мож­на и прифатлива во сиромашните рурални сре­ди­ни во Индија. РЗЗ може да ја олесни ин­клу­зи­јата на децата од категоријата на гра­нич­ни­те случаи, од лесната и умерената ка­те­го­ри­ја со вклучување на нивните родители, на нас­тав­ниците и претставниците на заедницата.

Authors and Affiliations

Ram LAKHAN

Keywords

Related Articles

„ДРУГИОТ“ ВО СВЕТЛОТО НА ИНТЕГРАЦИЈАТА И ИНКЛУЗИЈАТА ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ЕДУКАТИВЕН СИСТЕМ И ВО ИЗРАЕЛСКОТО ОПШТЕСТВО: НАВИСТИНА „ЗНАЧАЕН ДРУГ“?

Оваа статија го проучува концептот на „дру­ги­от“, повеќе во смисла на „различниот“ отколку на „оној што не сум јас“, во светлото на ин­те­гра­ци­јата и инклузијата во израелскиот еду­ка­ти­вен систем и во израелското оп...

ПРИДОБИВКИТЕ ОД РАНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК

Раното дијагностицирање и интервенција денес се признаени како неоспорни права на глувите и наглувите деца и нивните семејства. Семејството на глувото дете мора исто така да има пристап до сите информации за општиот разв...

РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА И ВИЗУЕЛНО-МОТОРНАТА ИНТЕГРАЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА НА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Фините моторни вештини се предуслов за мно­гу секојдневни активности и се добри индикатори на подоцнежните академски ос­тва­ру­ва­ња на детето. Целта на ова ис­тра­жу­ва­ње е да се проценат влијанијата на воз­рас­та врз...

Download PDF file
  • EP ID EP99169
  • DOI 10.2478/v10215-011-0035-1
  • Views 151
  • Downloads 0

How To Cite

Ram LAKHAN (2013). ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ И КОМБИНИРАНИ ПРЕЧКИ: ПРИОД НА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ЗАСНОВАНА ВО ЗАЕДНИЦАТА, ИНДИЈА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 14(1), 79-97. https://www.europub.co.uk/articles/-A-99169