ОПШТЕСТВЕНА ПРАКТИКА ЗА НАСТАВАТА ПО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2013, Vol 14, Issue 3
Abstract
Во Шведска, школувањето на децата со наод и мислење за интелектуална попреченост е организирано во специјални училишта наречени сарсколани. Крајната цел на ова истражување е да се разгледа односот на наставниците кон општествената практика за наставата по читање и пишување во специјалните училишта. Затоа, 40 наставници од северна Шведска беа земени како примерок во емпириското истражување. Од наставниците беше побарано да пополнат прашалник. Еден од заклучоците е дека наставниците имаат различен однос кон општествената практика за наставата по читање и пишување. Според другите добиени заклучоци, пак, наставниците изјавуваат дека не практикуваат документирање на потешкотиите при читање и пишување. Исто така, практиката на водење документација е поврзана со стручната компетентност за подучување на вештините за читање и пишување. Истражувањето укажува дека описменувањето влијае на ставот на наставниците и на нивната практика за документирање. Сепак, отвореноста кон организирано учење е поделена и, последователно, создава потреба за промена. Според тоа, потребни се повеќе истражувања за понатамошно опишување и објаснување на комплексноста на сегашните заклучоци.
Authors and Affiliations
Monica REICHENBERG, Kent LÖFGREN
Preface by the editorial board
THE QUALITY OF RELATIONSHIP BETWEEN SIBLINGS IN FAMILIES WITH AN AUTISTIC CHILD
АФАЗИЈА И МЕНИНГОЕНЦЕФАЛИТИС – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ
ЦЕЛ: оваа студија ја испитува афазијата предизвикана од менингоенцефалитис, со акцент на читање и пишување. МЕТОДИ: некои задачи од поттестовите за читање и пишување на Бостон афазија дијагностички прегледи BDAE (Boston...
ПРИДОБИВКИТЕ ОД РАНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК
Раното дијагностицирање и интервенција денес се признаени како неоспорни права на глувите и наглувите деца и нивните семејства. Семејството на глувото дете мора исто така да има пристап до сите информации за општиот разв...
ПРВА ТРИБИНА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ИМПАКТ ФАКТОРОТ ЗА НАУКАТА ВО МАКЕДОНИЈА